
Изложба посветена на животниот пат и дело на Владимир Полежина 1912-1980 од авторот м-р Илија Василески, водич историчар, ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност во понеделник, 16 јуни, во 19.30.
Низ оригинални фотографии, документи и лични предмети, како и неговото лично досие од Управата за државна безбедност на Југославија и досега необјавувани материјали, изложбата го протретира ликот и делото на Владимир Полежина, како и неговата улога и неговите заслуги во втемелувањето на македонската држава.

Исклучителен интелектуалец, доктор на правни науки во Сорбона, Фрнација, учесник во Народно¬ослобо¬дителната и антифашистичка војна на Македонија, член на Централниот комитет на Комунис¬тичката партија на Југославија и на Комунистичката партија на Македонија до 1951 година, делегат на Првото заседание на Антифашистичкото соб¬рание на народното ослободување на Македонија, делегат на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија, но и лице кое е репресирано на линија на Информбирото.

Изложбата се организира по повод 45 години години од смртта на Владимир Полежина во соработка со неговото семејство, и ќе биде отворена за публиката до средината на август.