Skip to main content

Манчестер Сити го договори трансферот на Рајан Шерки од Олимпик Лион

Facebook Rayan Cherki
Facebook Rayan Cherki

Манчестер Сити постигна договор со Олимпик Лион за трансфер на офанзивниот играч од средниот ред, Рајан Шерки, објави „Скај Спортс“. „Сините“ ќе платат 40 милиони евра на францускиот клуб за трансферот на францускиот репрезентативец.

Во своите информации, „Скај Спортс“ тврди дека Сити сака да го комплетира трансферот на Шерки до почетокот на Светското клупско првенство и да го регистрира за турнирот. Ова значи дека тој мора да помине лекарски прегледи во наредните часови.

Минатата сезона, Шерки одигра 30 натпревари за Лион, во кои постигна осум гола и имаше 11 асистенции.

Поврзани вести