Skip to main content

Уапсен возач на „бмв“ кој се заби во бетонски ѕид, осомничен е и за неукажување помош

Вчера околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско –  косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид.

Во несреќата со  тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по член 297 (Загрозување на безбедноста на сообраќајот) и 301 од Кривичниот законик (Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода), соопшти МВР.

Поврзани вести