
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3).
-Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат глечерите и сите површини каде водата е во тврда состојба, како и да присуствувам на презентацијата на препораките од специјалните настани на третата Конференција на ОН за океанот, објави претседателката Сиљановска-Давкова.
-Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка, како и да се поттикнат напорите за одржлив развој како одговор на алармантното влијание на климатските промени врз глечерите, ледените плочи и вечниот мраз, односно негативните ефекти кои со тоа се предизвикуваат, истакана Сиљановска-Давкова.
Драго ми е што можев кратко да поразговарам со претседателот Макрон, кој е домаќин на конференцијата, потенцира во објавата на својот фејсбук профил.