
ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, за време на трите дена од продолжениот викенд (06.06.2025 година – 08.06.2025 година) ќе се работи по неделен возен ред.
Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Вопеток и недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.
Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.
Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови, велат во писменото соопштение од ЈСП.