Skip to main content

Промоција на „Часовник без часови“ од Владимир Мартиновски во Прилеп

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Часовник без часови“ од д-р Владимир Мартиновски, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Промоцијата ќе биде проследена со изложба на слики, инспирирани од песните во книгата. Промотор на делото е Александар Еленин.

„Часовник без часови“ е сонетен венец со 15 сонети – всушност, четиринаесет и петнаесеттиот магистрал без акростих.

Сонетниот венец почнав да го пишувам во Охрид, што може да се забележи и во самите стихови – во нив има нешто охридско, медитеранско… Го заокружив минатото лето во Авињон, каде што, иако престојував многу кратко, едноставно имав инспирација токму таму да го завршам. Секој од сонетите има наслов, што е атипично за сонетен венец. Секоја песна е некој „час“: час по молчење, час по слушање, птичји час… Тоа се часови што можеби асоцираат на мојата педагошка работа на Филолошкиот факултет, но не се тие класични часови од 45 минути. Тука станува збор за часови што немаат точно определено време, часови што не може да се измерат со часовник. Насловот „Часови без часовник“ укажува токму на тоа излегување од стегите на времето. Сите ја чувствуваме таа потреба да излеземе од рамките на времето. А тоа ни го овозможува уметноста во сите нејзини форми – да не го мериме времето… – вели Мартиновски.

Поврзани вести