Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот уште не е поднесен, а каде заглавил знае само Арсовска

Не знаеме кој ги пишува соопштенијата во име на Град Скопје, дали е Левица, дали е ДУИ или СДС, но кој и да е знаеме дека или нема завршено основно училиште или се наоѓа во посебна состојба, затоа што самите дописи изобилуваат со уличарски и непристоен речник, несвојствен за „менаџерка” како Данела Арсовска, стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

И тука не станува збор за лаги, манипулации, туку за почутување на сопствениот календар за поднесување на предлог буџет.

Не знаеме каде заглавил буџетот, во канцеларијата на еден сметководител во Ѓорче, или кај блиски роднина на Арсовска, или во нечиј штаб близок до Арсовска, но знаеме дека предлог буџет нема. Во прилог документот дека е пробиен рокот за поднесување на буџетот.

Поврзани вести