
Лепа Брена, симбол на една музичка ера, жена која со својата харизма и моќен глас ја обележа историјата на балканската сцена, ова лето пристигнува во Охрид со голем концерт, на 1 август на стадион „Билјанини извори“.
Концертот е дел од нејзината турнеја „Имам песму да вам певам“, која веќе беше проследена со аплаузи и распродадени арени во Белград, Загреб, Љубљана и други градови низ регионот.
Брена во Охрид ќе ги отпее најголемите хитови од нејзината кариера, песни што не се само ноти, туку емоции. Химни на неколку генерации, кои и ден-денес се пеат со иста страст и љубов. Од „Jugoslovenka“ и „Ti si moj greh“, до „Luda za tobom“ и многу други, публиката ќе има можност да ги доживее во живо, на начин што само Брена знае да го приреди.
Продукцијата ќе биде на највисоко ниво, импресивна сценографија, врвни музичари, светлосни и звучни ефекти, кои ќе го претворат охридскиот стадион во светска сцена. Вечерта ќе биде спектакуларна, емотивна, и незаборавна, баш онака како што доликува на Лепа Брена.
Ова ќе биде концерт за кој долго ќе се зборува и долго ќе се памети. Интересот е огромен, затоа се препорачува навремено обезбедување на карти.