
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието посветена на животната средина, по прашање на пратеничката Каролина Настовска, околу придонесот на домаќинствата во загадувањето на воздухот во поголемите градови и како тоа да се реши, го истакна следното:
Нема друг начин, освен тоа за кое што веќе зборував. Тоа е да имаме далечинско централно затоплување. Не постои друг начин. Или ако продолжиме со процесот на секундарна и терцијална гасификација, па да донесеме дома, до домаќинствата гас, па потоа да се инсталираат гасни котли, кои што понатаму ќе продуцираат, во рамките на домаќинството топла вода за затоплување на домот. Онаму каде сега се користат дрва или некаде се користи екстра лесно масло за горење, некаде нафта итн или далечинско затоплување.
Како тоа можеме да го направиме? Само со организиран настап. Вториот начин е, ако гледаме парцијално на проблемите, за што не сум голем поборник, е да субвенционираме инсталирање на инвертер клима уреди, или пак субвенционирање на топлински пумпи, кои што би ги вградиле во своите домови, а со кои што тие понатаму би продуцирале затоплување и ладење на домот. Кога станува збор за затоплувањето, јас сум повеќе за далечинско затоплување, можеби ќе треба повеќе време но кога тоа ќе се заврши тоа значи дека сигурно имаме далечинско затоплување и сигурно имаме најевтин ресурс за затоплување на нашите домови.