Skip to main content

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака од 31 октомври

Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека од Меѓународниот аеродром Скопје од 31 октомври се воведува нова авиолинија до Ларнака во Кипар. 

На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар. Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати, напиша Николовски на Фејсбук.

Поврзани вести