
Вискоката претставничка на ЕУ за надоврешна политика Каја Калас денеска е во Скопје како дел од својата посета на регионот. Вчера во Белград рече дека за Србија не постојат скриени патишта до членство и се очекува истата порака да ја пренесе и на македонските власти.Ова е сосема различна изјава од пред две недели кога рече дека имаат план „Б“ за прием на Украина доколку Унгарија ќе стави вето.
Која е Каја Калас
Оваа Естонка најпозната е по омразата кон Русија. Има 47 години и е поранешна премиерка.
Студирала право во Естонија и Франција, по што се занимавала со адвокатура, а во политиката влезе во 2010 година.
Од 2011 до 2014 година Каја беше пратеник во естонскиот парламент, а во 2014 година беше избрана за пратеник во Европскиот парламент.

Жесток противник на каква било соработка меѓу ЕУ и Русија. Нејзиното семејство било депортирано во Сибир.
Кога баба ми и мајка ми беа депортирани во Сибир, КГБ издаде налог за апсење. Кремљ сега се надева дека овој потег ќе помогне да ме замолчат мене и другите, но тоа нема да се случи. Сосема спротивно“, рече во една прилика Калас.