
Република со писмен допис до сопственикот на агрегаторот Тајм.мк еднострано го раскина договорот за агрегирање вести. Република се придружи кон ставот на Здружението Онлајнмедиа.мк, поддржан од голема група интернет медиуми, дека агрегирањето вести од страна на сите агрегатори, како досега, е неприфатливо.
Порталот Република, како и здружението Онлајнмедиа, останува отворен за разговори со агрегаторите, заради усогласување на праксата на агрегирање содржини од медиумите со Законот за измени и дополнувања на Законот за сродни и авторски права.
Договорот склучен меѓу Република и Тајм предвидува отказен рок, поради што во периодот до истекот на овој рок вестите на Република се уште ќе се појавуваат на Тајм.мк.