Skip to main content

Повредено 24 годишно лице кое излетало од пат кај комплексот Инекс во Охрид

На 21.05.2025 околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(24) од селото Луково, струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Г.Д.(32) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Поврзани вести