Skip to main content

Страшевски: Лопатите на Обвинителството се сомнителни

Joвица Страшески, адвокат на Љупчо Палевски, на вчерашното рочиште оцени дека СМС пораките и другите докази кои денеска како одбрана беа презентирани пред Судот, се побива тврдењето на ОЈО дека постои временска разлика во снимките од дворот на Велибор Манев.

– Од она што Обвинителството го имаше презентирано е јасно, видовте и самите дека ретерираат од оние нивни вештачења и тврдења. На денешново судење се покажа дека снимката која што Обвинителството ја покажуваше минатиот пат, за која тврдеше дека постои временска разлика, со СМС пораките и другите докази кои ги изведовме им се побива тоа дека временската разлика е померена, а од друга страна покажуваат лопати кај Велибор Манев и тврдат дека тие лопати се спротивни на нивните докази изведени во текот на главната расправа кај што тврдеа дека лопатата што е најдена на лице место е вештачена, сега покажуваат други лопати што значи дека Обвинителството од ден на ден се спротиставува на своите докази, рече Страшески.

Според него, Обвинителството се обидело „на шверцерски начин да прошверцува во јавноста дека снимките се еден саат назад за да избегне дека е фатено во лага“. 

– И во вештачењето од страна на МВР е наведено дека снимките се во реално време, но откако беа фатени и обезличени од наша страна дека лажат за снимките и дека не се од тој период, пробаа на шверцерски начин да прошверцуваат во јавноста дека снимките се еден саат назад за да избегнат дека се фатени во лага, рече Страшески.

Поврзани вести