Пред Уставниот суд, каде денеска се одржува седницата на која ќе се расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, се собираат членови на Демократската унија за интеграција.
Меѓу нив се и членови на највисокото раководство на партијата како поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за образование и наука Арбр Адеми. Присутни се и лидерот на партијата Али Ахмети и на Зијадин Села од Алијанса за Албанците.
Од ДУИ вчера ги повикаа граѓаните да им се придружат.
Ова е одлучувачки момент за иднината на нашата мултиетничка и демократска држава.
Обединети и спокојни, да испратиме порака за важноста од почитување на еднаквоста, правдата и демократските вредности, стои во објавата на Фејсбук.
Околу судот има засилено полициско обезбедување.
Шаторот пред Уставниот суд е поставен од неделата и иако беше најавена деноноќна „стража на јазикот“, најчесто таму има повеќе полиција отколку стражари. Вчера беше сосема празно:
Според ДУИ, укинувањето на Законот ќе значи „уривање на еден од клучните столбови на Охридскиот договор, а владејачката коалиција без легимитет наместо да се работи за заедничка иднина, разденува и напаѓа“.