
В четврток, на 22 мај во Театар Комедија премиерно ќе биде изведена претставата „Секс, лаги и главоболки“ во режија на Александра Кардалевска.
Во претставата играат: Жаклина Петровска, Елена Кузманов, Тони Денковски и Сергеј Димовски и Жаклина Стевковска Дрнасин (глас).
Во најавата за претставата, која е колективно авторство се вели дека е инспирирана од животни искуства.
„Секс, лаги и главоболки“ е динамична, духовита и емотивна претстава што со леснотија се движи на тенкаталинија помеѓу хуморот и драмата, но секогаш остануваискрена и блиска до животот. Преку четири различниприказни што ќе ја разголат комплексноста на љубовнитеодноси – од комични недоразбирања до болни откритија – четворица актери мајсторски толкуваат повеќе ликови, поставени во парадоксални ситуации на нивните љубовни односи, брачни предизвици и неверства. Претставата нуди смеа, препознавање и моменти за размислување, оставајќи го гледачот со чувство дека бил дел од еден жив, вистински и емотивен свет, се вели во најавата.
Сценографијата, костимите и визуелниот дизајн е на Онуд Озџан, Душан Кардалевски е дизајн на светло, муизички соработник, аранжман и продуцент е Оливер Јосифовски, а драматург на претставата е Благица Секуловска.
Следната изведба на „Секс, лаги и главоболки“ е на 20 мај на сцената на Театар Комедија.