Skip to main content

Mицкоски: Може да се случи СДСМ да не освои ни една општина на локалните избори

Врз основа на бројките што ги добивам очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМЕ на претстојните локални избори, а можно е СДСМ да не освои ниту една општина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски при посета на Центарот за обука во затворот во Идризово.

– Можеби онаку кадешто е конкурентен СДСМ се можни 2, 3, максимум до 4 општини, но, да бидам искрен, ако продолжат вака недоговорно да се однесуваат, може и да немаат освоено општина на локалните избори. Тие и малкумината кои ги поддржуваат играат на картата на кратко помнење и нихилистичка политика дека сè што прави оваа Влада не чини. Па не може сè да не чине, белким и нешто е добро што прави оваа Влада. Не може баш сè да се критикува, вклучително и оваа незрела критика кон договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани вести