
Денес во 01:10 часот во Кочани, кочанската полиција го привела 53-годишниот Г.А. од Кочани затоа што управувал возило во пијана состојба.
При сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов“ е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта, се вели во билтенот на МВР.
Од полицијата додаваат дека тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.