Skip to main content

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната сопруга, имал 2,14 промили алкохол

Фото: МИА

На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.М.(43) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувал на неговата 41-годишна поранешна сопруга.

-По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта, информира МВР.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести