
Кошаркарите на ТФТ стигнаа до историско прво финале во клупската историја во плеј-офот во македонскиот шампионат откако со 3-0 славеа во полуфиналната серија против Работнички.
По воведните две победи на домашен терен, тимот од скопската населба Тафталиџе славеше и на гостувањето кај Работнички со убедливи 73-92.
Кога натпреварот беше решен играчите на двата тима одлучија да влезат во клинч. Се почна од дуелот меѓу Амар Хот и Тома Стојановски, кој прерасна во размена на лактови и туркање, што, пак, беше знак за останатите да се вмешаат. Дел од играчите на ТФТ влетаа од клупата, поради што исклучувачка грешка добија Американците Хотон и Говенс.