
Од 19 до 25 мај, Скопје ќе добие нова димензија во својот културен календар со првото издание на фестивалот „Буквално. Џез.“, кој ќе се одржи во просторот и дворот на културниот центар „Буква“.
Овој фестивал, со богата и разновидна програма има за цел не само да ја промовира џез музиката, туку и да ја збогати културната сцена на главниот град, поттикнувајќи ја јавноста да се врати кон културните настани како незаменлив дел од урбаното живеење.
Сите настани во рамки на фестивалот се отворени и бесплатни за посетителите, а симболичниот „билет“ претставува донација со која се поддржува реализацијата на програмата. Детална програма на постерот и тука.