Skip to main content

Талибанците бараат од Русија да гради патишта и училишта во Авганистан

amber-clay-from-pixabay
amber-clay-from-pixabay

Талибанците бараат од Русија да гради патишта и училишта во Авганистан.

На руско-авганистанскиот бизнис форум во рамките на КазанФорум, вицепремиерот на Авганистан за економски прашања и лидер на политичкото крило на Талибанците, Абдул Гани Барадар, ја повика Русија да помогне во изградбата на железници, училишта и болници.

Во својата понуда, тој им гарантира безбедност на инвеститорите и порача дека Авганистан ќе стане транзитен центар.

Стабилноста во земјата создаде услови за инвестиции“, изјави Барадар, нагласувајќи дека Авганистан ја гледа Русија како клучен трговски партнер.

Барадар го предложи проектот за железница Авганистан -Трансафганистан (573 км), која би ги поврзала Авганистан, Узбекистан и Пакистан.

Чекаме руски експерти и искуство за реализација на овој проект“, нагласи тој.

▪️ Абдул Гани Барадар најави втор тунел низ превојот Саланг и ги покани руските компании да инвестираат, ветувајќи поддршка.

Нашите врски со Русија се историски силни“, нагласи тој.

Барадар разговарал за соработката со рускиот вицепремиер Марат Хуснулин и лидерот на Татарстан Рустам Миниханов.

Русија е подготвена за дијалог со сите земји“, нагласи Хуснулин.

Поврзани вести