
Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, најави дека Соединетите Американски Држави ќе почнат разговори со своите европски партнери подоцна оваа година за намалување на бројот на американски војници во Европа.
Ќе стане јасно по самитот на НАТО во Хаг или подоцна оваа година… ќе почнеме со овие преговори, изјави Витакер на прес-конференција во Естонија.
Тој додаде дека ништо не е одлучено, но откако ќе има одлука, ќе ги имаат тие дискусии во рамките на структурите на НАТО.