
Еден од најдобрите камерунски фудбалери на сите времиња Емануел Кунде почина на 68-годишна возраст, соопшти Фудбалската федерација на Камерун
Кунде беше клучен член на прославената камерунска генерација која испиша историја во 1990 година, станувајќи првата африканска репрезентација што стигна до мундијалско четврт-финале.

Кунде учествуваше и на Светското првенство во Шпанија во 1982 година, а со репрезентацијата на Камерун го освои Африканскиот куп на нации во 1984 и 1988 година, постигнувајќи го решавачкиот гол од пенал во финалето против Нигерија.
Неговиот придонес во африканскиот и светскиот фудбал ќе биде запаметен, а неговата смрт е огромна загуба за камерунскиот спорт, се наведува во соопштението на Федерацијата