
Обвинителката Жаклина Јософовска на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, презентираше два докази против обвинетиот Боре Видевски.
Првата белешка е од ЈП „Дервен“ каде обвинетиот работел.
Според електронската евиденција Боре Видески на 22 и 27.11.2023 година не бил на работното место.
Листа од електронска евиденција покажува дека лицето не било пристутно на овие датуми на работното место, рече обвинителката.
Другиот доказ е за пиштолот кој го поседувал Видевски од 1998 година со дозвола. Од документот што го достави обвинителката, нема извршено пробно испукување на пиштол „Зброевка“.
Ова е во фунција дали може да се направи споредба на оружјето на Видески со карактеристиките на чаурата пронајдена во местото Рудник каде што е пронајден закопан Панче Жежовски