Skip to main content

Албанија и Велика Британија отвораат заедничко производство на воена опрема

Facebook Edi Rama
Facebook Edi Rama

Албанија и Велика Британија отвораат заедничко производство на воена опрема. Британскиот премиер Кир Стармер во Тирана изјави дека двете земји ќе соработуваат во производството и продажбата на воена опрема.

Можам да зборувам и за нашата заедничка декларација во одбранбениот сектор, со која сакаме да ја зајакнеме националната безбедност, иновациите и економскиот раст на земјите. Ова е момент кога европските земји мора да се обединат за да се соочат со руската агресија“, нагласи Стармер.

Британскиот премиер, исто така, истакна дека ќе „ја предводи одбраната на Украина“ и дека е многу благодарен на Еди Рама и Албанија за нивната соработка по ова прашање.

Поврзани вести