Skip to main content

Васко Ковачевски пред еден месец се откажал од македонско државјанство: Гнида, лигуш, криминалец, лопов на сопствената држава, вели Ивор Мицковски

Во статус на социјаните мрежи Ивор Мицковски објавува дека поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски пред еден месец се откажал од македонското државјанство и е во една од соседните држави.

Гнида, лигуш, криминалец, лопов на сопствената држава од која кога ќе загусти веднаш се откажува, пишува Мицковски.

Ковачевски не е во државата подолго време, но очекувам и да го обезебдиме и да го вратиме во државата, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање околу големата полициска акција во која се уапсени поранешни раководни лица во Електрани на Македонија (ЕСМ), РЕК „Битола“ и други подружници, осомничени за злоупотреби на јавни набавки.

Ковачевски е поранешен директор на ЕСМ и РЕК „Битола“.

Поврзани вести