Skip to main content

Руте: Украина е подготвена за преговори, топката е кај Русија

NATO

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој престојува во Анкара, изјави дека Украина е подготвена за итен прекин на огнот и почеток на мировни преговори. Според него топката е кај Русија, која како што вели треба да објасне што прави и со каков тим ќе се појави.

Руте истакна дека благодарение на САД и претседателот Доналд Трамп, постигнат е пробив во ќор-сокакот во кој повеќе од три години се најдоа двете завојувани страни. Руте нагласи и дека Турција има важна улога, но дека напредок ќе има само ако Русија испрати релевантна делегација.

Тој dодаде дека Украинците се подготвени и оцени дека од нивна страна направено е се што треба да се направи и дека сега се очекува Русија да покаже волја за мир. Генералниот секретар на НАТО алијансата вели дека се уште е оптимист оти по денешните средби може да се дојде до пробив во следните неколку недели.

Поврзани вести