
Рускиот претседател Владимир Путин соопшти кои ќе бидат членови на руската делегација на преговорите со Украина утре во Истанбул, соопшти Кремљ.
Членови на руската делегација ќе бидат заменик министерот за надворешни работи Гулазин, началникот на Генералштабот Костјуков и заменик министерот за одбрана Фомин.
За утре во Истанбул е најавен почеток на руско-украинските преговори.
Да потсетиме, претходно денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека чека да види кој ќе ја претставува Русија на претстојните преговори во Турција, пред да одлучи за следните чекори.
„Чекам да видам кој ќе пристигне од Русија, а потоа ќе одредам какви чекори треба да преземе Украина. Сигналите во медиумите засега не се убедливи“, рече Зеленски.
Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин, наместо да размислува за преговори, „продолжува да ја напаѓа Украина“, пренесува Ројтерс.