Skip to main content

Мисајловски се сретна со Дама Карен Пирс: Остануваме силно посветени на одбранбената соработка која значи посилна Алијанса и побезбеден регион!

Денеска во Министерството за одбрана разговарав со новата специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западниот Балкан, Дама Карен Пирс, придружувана од амбасадорот Метју Лосон и одбранбеното аташе, потполковник Едвард Џон Грин, напиша на својот фејсбук профил министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Честитки до Дама Карен Пирс за изборот на оваа позиција, која е доказ за тоа дека развојот на меѓусебната сојузничка соработка е високо на агендата на Обединетото Кралство. Благодарност за сета досегашна поддршка на македонската Армија која значително ги зајакна врските помеѓу двете Армии и нивните припадници.

Остануваме силно посветени на одбранбената соработка која значи посилна Алијанса и побезбеден регион!

Поврзани вести