Skip to main content

Во овие два хороскопски знаци се раѓаат најлошите сопруги

Omar Medina from Pixabay

Астролозите ги изгласаа најдобрите и најлошите сопруги според зодијакот

Еве кои хороскопски знаци важат за најлоши сопруги…

Скорпија
Неверојатно атрактивна, интелигентна и убава млада дама, но таа има најлоша оценка меѓу сопругите во зодијакот. Бракот со Скорпија ќе биде одличен додека трае љубовта и вљубеноста. Но до кога ќе трае тоа? Кога страста ќе почне да стивнува, Скорпијата би можела да чукне на друга врата барајќи уште, бидејќи таа живее за страст и возбуда. Тоа е нејзината омилена храна.

Риби
Слично како Скорпијата. Многу убава и пријатна жена, која едноставно си заминува кога не ѝ е сè по волја. Колку што е чувствителна, толку може да биде и ладнокрвна. Оди од една до друга крајност. Не знае да балансира. Рибите колку и да се трудат да бидат добри сопруги, нешто друго (или некој друг) лесно може да им го одвлече вниманието.

А еве на кои знаци им припаѓа титулата „најдобра сопруга“…

Водолија
На прво место е сопругата родена во знакот Водолија. Таа знае да биде толку прекрасна сопруга, што се чини нереално. Сопругата Водолија е речиси митска жена, хероина на машките соништа: секогаш убава, позитивна и љубезна. Таа секогаш ќе живее задоволно и среќно покрај својот сопруг. Никогаш нема да живее со него од погрешни причини. Ако сте во врска со жена Водолија и не сте ја ожениле досега, вие веројатно не знаете да ги цените вистинските работи.

Овен
Жената Овен е асоцијација за тврдоглава жена, но само луѓето кои се во брак со неа знаат дека имаат вистинско богатство покрај себе. Да, таа знае да биде тврдоглава, но таа нејзина „мана“ не ги засенува другите особини што ја прават одлична сопруга. Таа секогаш сака да биде убава, да изгледа добро. Истовремено, совршено се грижи за домот, семејството, сопругот, децата… И да, има време за сè. Таква е жената Овен.

Поврзани вести