Skip to main content

Притвор за убиецот од Кичевско, мајка му сè уште во тешка состојба

МИА архива

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна квалификација. Јавното обвинтелство соопшти дека при вршење семејно насилство вчера изутрина, во дворот на семејната куќа во селото Србјани, осомничениот 47-годишник ги лишил од живот својот татко, а се обидел да ја убие и својата мајка.

При вербална расправија, со нож и секира најпрво го нападнал таткото, прободувајќи го по телото и удирајќи го со секирата по главата. Потоа и нанел убоди со нож во вратот и на неговата мајка. Од многубројните повреди оштетениот маж починал при укажување прва помош, а жената е пренесена на Ургентниот центар во Скопје во тешка состојба, соопштија од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кичево синоќа доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Поврзани вести