Skip to main content

Серафимов:Нашата публика е наш осми играч каде и да играме

Maртин Серафимов кој со капитенот Кузмановски имаше најголем број погодоци е задоволен од играта синоќа.

„Морам да потенцирам дека верувавме дека денес ќе победиме и ќе се квалификуваме на Европското првенство. Сите бевме сигурни дека ќе дадеме максимум и нема да излеземе од сала додека не победиме. Бевме решени и резултатот следеше по нашиот менталитет. 

Ова е генерација со која долго време се работи, па и кога недостигаат еден-два играчи, нашиот систем ни го лансира квалитетот.

Нашата публика е наш осми играч каде и да играме. Секогаш до нас допира нивната поддршка“, ни рече Мартин Серафимов.