Skip to main content

Дрвошанов: СДСМ одржува партиски состанок во училиште во Струмица

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Општинскиот комитет во Струмица, Жан Дрвошанов, ја обвини опозициската СДСМ за злоупотреба на училиште во Струмица за партиски активности. Дрвошанов на денешната прес-конференција објави фотографии и видеа, за кои рече биле добиени преку свиркач, на кои, според него, се гледа како училиштето е специјално отворено за СДСМ во доцните ноќни часови.

Ова се фотографии и видеа од пред неколку дена, кои сега преку свиркач, од незадоволен член на СДСМ стигнаа до нас и од овие фотографии се гледа како СДСМ злоупотребува училиште за партиски активности. Јасно се гледа како училница е претворена во штаб и како училиштето е специјално отворено за СДСМ во доцните ноќни часови, вели Дрвошанов.

Според него, злоупотребата не може да се случи без дозвола на директорот на училиштето и градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.

Оваа злоупотреба не може да се случи без дозвола на директорот на училиштето и градоначалникот Костадин Костадинов. Ги прашуваме Филипче и Костадинов, дали е ова демократија и дали за ова се борат? За државниот имот да биде партиски и во партиска функција? Ова е начин на работа на СДСМ со години. Овој начин на работа беше поразен низ цела Македонија, а ќе биде поразен дефинитивно и во Струмица, вели Дрвошанов.

Поврзани вести