
Тамара Тодевска вечерва во МКЦ одржа хумантирен концерт за настраданите од Кочани. Во преполната сала најемотивниот момент се случи кога ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и посака Панчо што побрзо да оздрави.
Ова е најемотивниот концерт со во мојот живот, секогаш ќе го паметам, рече Тамара, чиј концерт траеше два часа.
Со огромен аплауз беше поздравен настапот на нашата пејачка.
На настапот беа присутни и момците од „Супорт Кочани“ кои собираат помош за настраданите.