
Американскиот кардинал Роберт Превост е избран за нов папа, кој ќе го носи името Лав XIV.

Американскиот кардинал Роберт Превост беше избран за нов папа, кој одлучи да го земе името Лав XIV. Бел чад се појави над Систинската капела кратко по 18 часот, што означува дека кардиналите избрале нов поглавар на Римокатоличката црква на вториот ден од конклавата.