Skip to main content

Зеленски ја истакна улогата на Украина во Втората светска војна

Facebook/Володимир Зеленський

На 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја истакна улогата на неговата земја во ослободувањето на Европа од нацистите, пренесе ДПА.

Во видео порака снимена во Киев, Зеленски рече дека осум милиони Украинци загинале во конфликтот и ја спореди нивната борба за слобода со сегашната војна со Русија.

Ако Русија не се промени, ќе се бара „денацификација и демилитаризација“, рече Зеленски, користејќи јазик кој често го користи рускиот претседател Владимир Путин за владата во Киев.

Украина ја обвини Москва дека ја политизира победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Во Москва утре треба да се одржи голема воена парада, Русија го слави 9 мај како Ден на победата.

Советскиот Сојуз загуби околу 27 милиони луѓе за време на Втората светска војна, потсетува ДПА.

Поврзани вести