
Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“- Скопје, Подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање на редовната и прекувремената работа, не можело да се утврди времето на извршување на прекувремената работа, а исто така не можело да се утврди по чиј налог била извршувана прекувремената работа. Со тоа, тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања и на дел од вработените им овозможил противправна финансиска корист, со што предизвикал штета на ЈП„Колекторски систем“ – Скопје, Подрачно одделение Охрид за сума од од 2.881.757 денари, соопшти МВР.