Skip to main content

Зимски „Македокс“: Вечерва проекција на „Градина“ и промоција на новата онлајн платформа Doc Around Europe

Проекција на документарниот филм „Градина“ во режија на Бојан Тантуровски ќе се одржи вечерва во 21 часот во „Лабораториум“ во Скопје. Прикажувањето е во рамките на зимскиот „Македокс“, а по проекцијата ќе се одржи промоција на новата онлајн платформа Doc Around Europe. Влезот на проекциите е бесплатен.

„Градина“ е приказна за последните герила-градинари во Скопје. По триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, градинарите се соочени со иселување. Како што се шири градот, тие се принудени да бараат друго земјиште.

Поврзани вести