
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денес свечено ја отвори новата градинка во населбата Пролет по 50 години која се протега на 3200 метри квадратни со капацитет од 173 дечиња.

„Градинката Пролет ја изградивме од темел, целосно финансирана од општината, без задолжувања. Пред три години почнавме да ја градиме и еве денеска свечено ја отворивме најубавата градинка во целиот регион. 173 дечиња ќе бидат згрижени, на површина од 3.200 метри квадратни.
Пролет не е само објект, Пролет е визија. Вложување во иднината. Благодарност до сите што беа дел од процесот на реализација, а особено до директорката на градинката и нејзиниот тим за нивната посветеност, соработка и визија уште од првиот ден. Испишавме нова приказна. Нека е со среќа на сите дечиња“, напиша Герасимовски.

