Skip to main content

Претставување на новите членови на ДПМ

Друштво на писатели на Македонија

По повод јубилејот Осум децении од кодификацијата на стандардниот македонски јазик, овој четврток, 8.5.2025 г. во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија, под насловот „Што ни значи нам јазикот?“ ќе се одржи средба со новите членови на ДПМ: Искра Донева, Милчо Мисоски, Митко Гогов, Хана Корнети, Симона Јованоска, Атанас Бојаровски, Лулзим Хазири и Драгана Лукан Николоски.

Ова воедно ќе биде и претставување на новите членови на Друштвото, каде автор(к)ите ќе прочитаат изводоци од своето творештво. На настанот ќе му претходи воведно обраќање од Славчо Ковилоски – раскажувач, поет, професор на Институтот за македонска литература во Скопје и главен и одговорен уредник на „Стожер“. Пригодно, Славчо К. ќе се осврне на некои суптилни нишки од неразделната врска помеѓу јазикот и книжевното творештво.

Поврзани вести