Skip to main content

Таравари: На средбата со Мицкоски не очекувам ништо посебно

Претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, не очекува ништо посебно на средбата што ја најави премиерот Христијан Мицкоски за денеска во во 17 часот во Владата. Според него тие се во постојана комуникација.

Таравари рече дека на оваа средба ќе се разјаснат некои прашања кои на Мицкоски му се нејасни.

„Имаме состанок со премиерот Мицкоски, ништо посебно не е. Ние тоа што сме го поминале на Централно претседателство е дека АА ќе има сопствени советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници во општините каде излегуваме. Ќе го слушнеме премиерот и ќе процениме како продолжуваме натаму“, изјави Таравари

Поврзани вести