Skip to main content

Таравари: Завршена јавната набавка за инсулин, потпишан договор за две години

Freepik

Министерот за здравство Арбен Таравари од Тетово информираше дека јавната набавка за инсулин е завршена, потпишан е договор и извршено снабдување на аптеките и болниците со лекот за регулирање на шеќер во крвта. Тој рече дека јавната набавка е за наредните две години, што го оцени како начин да се избегне недостаток на инсулин.

Како Министерство за здравство и Националната комисија за дијабет, одлучија набавката за инсулин да се направи секоја втора година што мене ми се допаѓа. Многу е порационално, да нема недостиг, секоја година се набавува, па пак додека се направи набавката, има некогаш два три дена или до 10 дена да недостасува. На две години ќе се набавува, така веќе е завршена јавната набавка, потпишан е договорот со стандардниот добавувач, истиот скоро 10-15 години. Ова е рационализирање и мислам дека е подобро за сите граѓани посебно за тие со дијабет, изјави Таравари од Тетово.

Поврзани вести