
Денот на македонскиот јазик ќе биде одбележан денеска во Ниш со уметничка програма, говор, документарен филм и изложба во Културниот центар, јави дописникот на МИА.
Во Ниш, Денот на македонскиот јазик ќе биде одбележан со уметничка програма, предавање за македонскиот јазик, проекција на документарен филм и отворање на фото изложба по повод 20-годишнината од Националниот совет на Македонците во Србија.
Прославата на Денот на македонскиот јазик е организирана од Здружението на Македонци, „Вардар“ Ниш, со поддршка на Националниот совет на Македонците во Србија.
Здружението „Вардар“ е формирано во Ниш во 2002 година и моментално има 72 члена.