Skip to main content

Путин размислува кој ќе го наследи

Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека секогаш размислува за наследник на функцијата претседател, но дека конечниот избор треба да го направат Русите.

Секогаш размислувам за ова. Но, на крајот на краиштата, изборот е на народот, на рускиот народ, на граѓаните, на гласачите“, рече Путин во документарецот „Русија. Кремљ. Путин. 25 години“ на телевизискиот канал „Россија 1“, одговарајќи на прашањето дали размислува за тоа кој ќе ја води земјата во иднина, објави Интерфакс.

Путин се согласи со изјавата дека постојано го разгледува и проценува потенцијалот на секој можен кандидат.

Поврзани вести