
Израелската армија во последните денови почна да им испраќа покани на резервистите за мобилизација, планирајќи да повика десетици илјади од нив како подготовка за проширена офанзива против палестинското движење Хамас во Појасот Газа, објавија израелските медиуми.
Се очекува резервистите да бидат испратени да ги заменат регрутите или активните војници низ целата земја, како и на окупираниот Западен Брег, за да можат тие војници и регрути да бидат испратени да се борат во Појасот Газа.
Роднините на некои од резервистите потврдија дека е примен повик за мобилизација, додека израелската армија ниту ја потврди, ниту ја демантираше таа вест.