
Без победник, 26:26, заврши дерби натпреварот од 6. коло во плеј-офот во Суперлигата, помеѓу ракометарите на Алкалоид и Вардар.
Мартин Серафимов со осум голови беше најефикасен во составот на Алкалоид, Мартин Ивановски постигна пет погодоци, кај Вардар најдобар беше Вуко Борозан со седум голови, Милан Лазаревски даде шест.
„Црвено-црните“ останаа на врвот од табелата, а бранителот на тронот, тимот на Пелистер ќе треба да ги добие двете гостувања во Скопје, против Алкалоид и Вардар за да ја одбрани титулата.