Skip to main content

Отворање на нови хоризонти меѓу технологијата и уметноста

Танц Фест Скопје 2025

Првпат во програмата на Танц Фест Скопје, ќе биде отворена интерактивна поставка која го спојува современиот танц со најновите дигитални технологии.

Вечерва, на 3 мај, во 19 часот во Чифте амам во Скопје ќе се одржи презентацијата на проектите кои користат VR, AI, 360° видео и интерактивни инсталации. Ќе се говори за техничката реализација на проектите, креативниот процес и иднината на сценската уметност, можностите за еколошки одговорна турнеја, како и дистрибуција на продукции до поголема публика.

LuminAI | Georgia Tech, Атланта, САД
Интерактивна инсталација од Универзитетот GeorgiaTech, која овозможува импровизациски танц помеѓу човек и вештачка интелигенција, истражувајќи ја динамиката на соработката меѓу телото и алгоритамот. Презентирана од д-р Милка Трајкова, која работи како научен истражувач (Research Scientist II) на институтот Georgia Tech.

Stage360 | EN-KNAP, Љубљана, Словенија
Замисли да седиш во средина на сцената, опкружен со танчeри, со звук што те обвива од сите страни.
Виртуелно сценско искуство снимено со 360° камера, нудејќи нов начин на доживување на современата сценска уметност — приближување на публиката до изведбата како никогаш досега.

Ringside | HKD Рјека, Хрватска
VR проект што им овозможува на гледачите да ја доживеат изведбата од најдоброто место во салата, создавајќи интимна и опуштена атмосфера за целосно уживање во уметноста.

Програмата ќе овозможи директен увид во современи практики каде технологијата и уметноста се спојуваат на уникатен начин, како и да запознаeте уметници, инженери, продуценти и технолози кои работат на вакви проекти.

Влезот е слободен.

Веруваме дека ова искуство ќе биде инспиративно за сите млади кои сакаат да видат како технологијата се интегрира во уметноста, и ќе им даде идеи и нови хоризонти за употреба на дигиталните технологии надвор од традиционалните сектори, се вели во објавата од Танц Фест Скопје.

Поврзани вести