Skip to main content
Работилница на Скопскиот вински салон

„Ризлинг – сорта за префинети и долговечни вина“: Винодонија ќе ве запознае со една од најценетите и благородни сорти грозје во светот

„Ризлинг – сорта за префинети и долговечни вина“ е интересниот мастер-клас на Скопскиот винки сало – Винодонија, преку кој ќе имате можност да се запознаете со една од најценетите и благородни сорти на грозје во светот којашто досега ги даде едни од најскапите архивски вина.

Роден во студен и суров лозарски регион, Ризлингот со себе, сепак, носи високо ниво на префинетост, прецизност и елеганција, а бара исклучително високо ниво на посветеност и тежок лозарски труд.

Професорот Климе Белески ќе ве води низ личниот профил на ризлингот запознавајќи ве со соодветната клима и почва што ја бара како и со изгледот и потенцијалот на оваа волшебна сорта. Во вториот дел на предавањето, пак, заедно со сомелиерот Александар Вучковски ќе дегустирате шест примероци на Ризлинг од различни региони и земји и ќе го пронајдете вашиот омилен стил“, најавуваат органиаторите на Винодонија.

Предавачи: Проф. д-р Климе Белески и Александар Вучковски

13. декември 2024, 13:00 ч.

Хотел Мериот Скопје

Meeting Room D (прв кат)

Картите за работилницата се во ограничен број и истите може да ги купите на овој ЛИНК.

Поврзани вести