Skip to main content

Полицаец почина вечерта во Пулс, татко му се вика чичко Винко – не ги напаѓајте полицајците, кажа Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на седницата каде што се расправа за негова интерпелацијаповика да не се напаѓаат полициските службеници за трагедијата во Кочани.

Кога повикувате на одговорност, ве замолувам да ги имате во предвид фактите дека 16 полициски службеници се обвинети, од кои едниот е актуелен полициски функционер. Второ, полицаец почина вечерта, Тоше се викаше. Татко му се вика чичко Винко. Прашајте го него зошто не поднесов оставка. Трето, ќерка на полициски службеник почина во несреќата.

За мене зборувајте што сакате, имате легитимно право на тоа, поставувајте прашања, но кога ќе поставите прашање, внимавајте дека претходно МВР немаше ниту една кривична пријава за загинатите во претходните трагедии, а сега има. Вие сте тие што предизвикувате дополнителна болка на овие семејства. Немојте да ги напаѓате полициските службеници. Полициски службеник загина во Кочани, еден го изгуби своето чедо во Кочани. Секој кој има одговорност, ќе одговара“, рече Тошковски.

Поврзани вести